Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Сасва Михајлов - Савата

Роден е на 25 декември 1877 година во с.Мачуково, Гевгелиско. Образованието го стекнал во родното село, Цариград и Солун. Во 1895 година станува член на ВМОРО и учителствувал во Кавадарци. Како учител и револуционер дејствувал во с.Ракита, Кајларско, Неготино, Гевгелија и Горна Џумаја во 1900 година, каде станува реонски раководител.

Во 1901 година станува нелегален и се приклучува кон четата на Ј.Сандански и Х.Чернопеев со која учествува во аферата со грабнувањето на мисионерката Мис Е.Стоун. Во март 1902 година дејствува во Горноџумајско и учествува во конфликтот со Врховниот комитет. Во почетокот на 1903 година навлегува со чета во Гевгелиско и се вклучува во подготовка на востанието.

За време на Илинденското востание е реонски началник во Гевгелиско и командувал со поголем востанички одред, извршувајќи неколку диверзантски акции по железничката линија Солун-Скопје. По востанието за кратко време се повлекол во Бугарија.

На 1 март 1905 година, заедно со четите на Апостол војвода биле предадени од овчари арнаути во близина на с.Смол, Гевгелиско. По неколкучасовниот судир со турската војска паднале 36 четници, а војводата Сава Михајлов се самоубива со отров.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik